• среда, 25 декември 2024

Де Јонг би можел да пропушти неколку недели поради повреда

Де Јонг би можел да пропушти неколку недели поради повреда

Барселона, 24 септември 2023 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг се повреди на вчерашниот натпревар од 6. коло на Ла Лига против Селта Виго (3:2), пренесува клупската прес-служба на Каталонците.

 

Дваесет и шестгодишниот Холанѓанец има повреда на десниот скочен зглоб. Тој беше заменет во 36. минута. Играчот од средниот ред може да пропушти неколку недели.

 

- Испитувањата покажаа дека Френки де Јонг има сериозна повреда на десниот зглоб. Тој е надвор од составот и неговото закрепнување ќе ја одреди неговата достапност до тимот, се вели во соопштението на Барселона.

 

Оваа сезона Де Јонг одигра шест  натпревари и постигна еден гол. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан