• четврток, 26 декември 2024

Де Хеа чека понуда од клуб од Ла Лига

Де Хеа чека понуда од клуб од Ла Лига

Мадрид, 18 февруари 2024 (МИА) - Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа се уште е без клуб. Де Хеа имаше понуди од Премиер лигата и Саудиска Арабија по заминувањето од „Олд Трафорд“, но реши да ги одбие.

Де Хеа одлучил дека сака да ја продолжи кариерата во Ла Лига и чека понуда од некој од клубовите во Шпанија, пишуваат англиските медиуми.

Голманот, наводно, се надева дека неговиот поранешен клуб Атлетико Мадрид ќе даде понуда, но не сакал да седи на клупата на Реал Мадрид и да ја чека својата шанса.

Поранешниот чувар на мрежата на Манчестер јунајтед е слободен играч и може да потпише веднаш.

Тој помина 11 сезони и запиша вкупно 545 натпревари за тимот од „Олд Трафорд“. За време на неговиот престој кај „црвените ѓаволи“, тој успеа да ја освои Премиер лигата, ФА Купот, Лига Европа и два Лига Купа.дс

Фото: Архива

Остани поврзан