• среда, 25 декември 2024

Де Хеа: Не размислував за пензија, но беше тешко да се најде мотивација

Де Хеа: Не размислував за пензија, но беше тешко да се најде мотивација

Фиренца, 12 август 2024 (МИА) - Шпанскиот голман Давид де Хеа денеска изјави дека не размислувал за пензионирање иако ја пропуштил целата мината сезона, пренесе „Скај Спортс“.

Де Хеа (33) пред неколку дена потпиша едногодишен договор со Фиорентина.

Шпанскиот голман ја пропушти минатата сезона, откако неговиот договор со Манчестер Јунајтед истече во јуни 2023 година.

-Никогаш не размислував за пензионирање. Манчестер Јунајтед е врвен клуб и моето срце секогаш ќе биде со овој тим. Никогаш не размислував за повлекување. Тешко беше да најдам мотив за ново поглавје во мојот живот по 12 години во врвен клуб како Манчестер Јунајтед. Конечно го почувствував тоа во Фиорентина, изјави Де Хеа, кој играше за клубот од „Олд Трафорд“ од 2011 до 2023 година.

Шпанскиот голман одигра 545 натпревари за Манчестер Јунајтед. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан