• петок, 20 декември 2024

Де Роси: Останувањето во Рома беше лоша фудбалска одлука

Де Роси: Останувањето во Рома беше лоша фудбалска одлука

Рим, 16 декември 2024 (МИА) - Легендата на Рома, Даниеле Де Роси направи чудно признание, велејќи дека неговата одлука да остане кај „волците“ во текот на неговата кариера била „лоша“.

Де Роси 18 сезони ги бранеше боите на римскиот тим, забележувајќи над 450 натпревари. На крајот од кариерата, срдечниот играч од средниот ред одигра и пет натпревари за аргентинската Бока Јуниорс.

-Сите во Рим велат дека сакаат да играат за Рома и понекогаш тоа се случува. Кога сте во Рим, треба да изберете. Понекогаш имате среќа што можете да изберете и да одите во подобар клуб или да останете овде. Токму таква одлука донесов и можам да кажам дека е лоша фудбалска одлука, но за мене е во ред. Воопшто не жалам, прокоментира Де Роси.

Легендата на Рома објасни дека неколку пати во кариерата имал можност да оди во поголеми клубови каде можел да освои уште многу трофеи, но не жали што засекогаш останал во Рома. дс

Фото: Архива

Тагови

Остани поврзан