• вторник, 24 декември 2024

Де Ниро: Седмото дете беше планирано

Де Ниро: Седмото дете беше планирано

Лос Анџелес, 10 мај 2023 (МИА) - Веста за седмото дете на Роберт де Ниро изненади многу обожаватели на глумецот, но тој не е шокиран оти станал татко на 79 години. На премиерата на филмот „About My Father“ (За мојот татко) синоќа, Де Ниро во интервју за „Пејџ сикс“ (Page Six) појасни дека бременоста била „планирана“.

- Како не можете да планирате такви работи?!, возврати тој со реторичко прашање.

Неговата двојно помлада девојка Тифани Чен, инаку, минатиот месец беше фотографирана со труднички стомак. Тие двајца се запознале на снимањето на „The Intern“ во 2015 година, а следната година биле забележани заедно на патување во Шпанија.

Чен e позната инструкторка по боречки вештини.

Роберт де Ниро со Грејс Хајтауер беше оженет двапати, од 1997 до 2003 година, и од 2018 до 2021 година. По вториот развод, Судот пресуди дека тој треба на поранешната сопруга да ѝ плаќа милион долари годишно и дека парот ќе ги дели приходите по продажбата на нивната куќа вредна 20 милиони долари. Де Ниро, инаку, ги има ќерката Дрена (51) и синот Рафаел (46) со првата сопруга Дијана Абот. Тој е татко и на синовите близнаци Арон и Џулијан (27) со неговата поранешна девојка Туки Смит, а има и син Елиот (25) и ќерка Хелен (11) со Грејс.  си/

Фото: МИА архива; ИМДБ.

Остани поврзан