• среда, 25 декември 2024

Де Лихт ќе пропушти четири до шест недели

Де Лихт ќе пропушти четири до шест недели

Минхен, 2 ноември 2023 (МИА) - Дефанзивецот на Баерн, Матијс де Лихт ќе биде принуден да пропушти 4-6 недели поради оштетување на лигаментите на коленото, пренесува „Bild“.

Фудбалерот се повреди за време на вчерашниот натпревар од на 1/16финалето на германскиот куп со Сарбрикен (1:2).

Дваесет и четиригодишниот Холанѓанец за Баерн настапува од јули 2022 година. Сезонава Де Лихт одигра 10 натпревари за германскиот клуб и постигна еден гол.

Пред Баерн, Де Лихт играше за Јувентус и Ајакс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан