• четврток, 26 декември 2024

Де Лаурентис со обвинувања за ФИФА: Украдоа милијарди, остануваат во Швајцарија, надвор од европската јурисдикција

Де Лаурентис со обвинувања за ФИФА: Украдоа милијарди, остануваат во Швајцарија, надвор од европската јурисдикција

Неапол, 7 март 2023 (МИА) - Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ја обвини Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за корупција.

 

- Зошто договорите треба да бидат на пет години? Зошто не можам да склучам осумгодишен договор? По неколку години, ако некој фудбалер го смени агентот, а новиот уште не заработил, почнува да бара зголемување на платата. Дали сте виделе што прави ФИФА во последните години? Тие украдоа милијарди, остануваат во Швајцарија - надвор од која било европска јурисдикција и никој не ги контролира, изјави Де Лаурентис за „Кориере дело Спорт“.

 

Наполи е на врвот на табелата во италијанската Серија А со 65 бодови од 25 натпревари. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан