• среда, 25 декември 2024

Де Кро: Можеме да ја видиме рамката на договорот за финансиска поддршка за Украина

Де Кро: Можеме да ја видиме рамката на договорот за финансиска поддршка за Украина

Брисел, 15 декември 2023 (МИА) - Белгискиот премиер Александар де Кро денеска изјави дека сега може да се види рамката на договорот за финансиска поддршка за Украина, но дека на ЕУ и се потребни уште неколку недели за да го постигне тоа.

Де Кро им рече на новинарите во Брисел, откако унгарскиот премиер Виктор Орбан стави вето на помошта од 50 милијарди евра за Украина, дека лидерите на ЕУ постигнале „добар напредок“ во финансискиот пакет, но нагласи дека е неопходно 27-те земји да се согласат.

„Вчера беше можно (да се постигне договор) со 26 (земји-членки). Сите треба да се договориме за да се донесе одлука“, рече Де Кро по пристигнувањето на вториот ден од самитот на Европскиот совет. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан