• вторник, 18 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Де Вевер: Треба да бидеме внимателни околу идејата за конфискација на замрзнатите руски средства 

Де Вевер: Треба да бидеме внимателни околу идејата за конфискација на замрзнатите руски средства 

Брисел, 6 март 2024 (МИА) - Конфискувањето на руските средства што се замрзнати во ЕУ би предизвикало шок на светскиот финансиски поредок и тоа не треба да се занемари, изјави денеска белгискиот премиер Барт де Вевер. 

- Јас се залагам за голема внимателност кога станува збор за овие замрзнати средства, истакна Де Вивер, во чија земја се наоѓаат најголемиот дел од замрзнатите руски активи во Европа. 

Тој потенцира дека овие средства претставуваат „кокошка која несе златни јајца“, потсетувајќи дека од каматите на овие активи се искористени околу 50 милијарди како помош за Украина. 

- Земјите кои бараат конфискација на тие средства, треба да бидат свесни за економските ризици од тоа, додаде Де Вевер. 

Неколку членки на ЕУ, меѓу кои и Полска и балтичките држави, се залагаат за конфискација на околу 210 милијарди евра на Централната банка на Русија, кои се замрзнати во европскиот финансиски систем од почетокот на руската агресија врз Украина. Според нив, овие средства би требало да се искористат за обнова на Украина. 

Сепак, поголемите земји членки на ЕУ, меѓу кои и Франција и Германија, се против ваквата идеја посочувајќи на правни пречки за нејзина реализација и потенцијалното поткопување на довербата во еврото и европскиот финансиски систем. сп/ 

Фото: ЕПА

Остани поврзан