• четврток, 26 декември 2024

Де Бур пред отказ по елиминацијата на Холандија во осминафиналето на ЕВРО 2020

Де Бур пред отказ по елиминацијата на Холандија во осминафиналето на ЕВРО 2020
Амстердам, 28 јуни 2021 (МИА) - Репрезентацијата на Холандија вчера загуби од Чешка (0:2) во осминафиналето на ЕВРО 2020, пораз којшто може да го чини отказ селекторот Франк де Бур. Многу членови на Фудбалскиот сојуз на Холандија с еразочарани од овој резултат, па Де Бур со голема веројатност ќе биде разрешен од функцијата, пишува новинарот Николо Шира. Педесет и едногодишниот Де Бур ја презеде репрезентацијата на Холандија во септември 2020 година. зс/

Остани поврзан