• четврток, 26 декември 2024

Де Брујне планира да ја заврши кариерата во Манчестер сити

Де Брујне планира да ја заврши кариерата во Манчестер сити

Манчестер, 27 февруари 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне има намера да се повлече од својот тим.

Британскиот новинарот Сем Ли тврди дека 32-годишниот Белгиец очекува да го продолжи договорот со „граѓаните“ за да игра за тимот до 35 години, а потоа да се пензионира.

Де Брујне игра за Манчестер сити од 2015 година. Претходно, Белгиецот играше за Волфсбург, Челзи, Вердер Бремен и Генк.

Актуелниот договор на фудбалерот од средниот ред со Манчестер Сити е до летото 2025 година. 

Британските медиуми во текот на вчерашниот ден објавија информација дека за услугите на Де Брујне се заинтересирани клубови од Саудиска Арабија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан