• вторник, 26 ноември 2024

Де Брујне: Во наредните месеци ќе биде дефинирана мојата иднина во Манчестер сити

Де Брујне: Во наредните месеци ќе биде дефинирана мојата иднина во Манчестер сити

Диселдорф, 1 јули 2024 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне го сподели своето мислење за неговата иднина во премиерлигашот.

-Ќе имам мирно лето. По Европското првенство ќе уживам во одморот, а потоа ќе се вратам во Манчестер сити. Може да има преговори со клубот во наредните месеци, го цитира играчот новинарот Кристоф Тере.

Денеска, 1 јули, репрезентацијата на Белгија ќе игра против Франција во осминафиналето на Европското фудбалско првенство 2024. Средбата во Диселдорф е закажана за 18 часот.

Договорот на 33-годишниот Белгиец со Манчестер сити е со важност до летото 2025 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан