• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Де Бруин се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата по Манчестер Сити

Де Бруин се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата по Манчестер Сити

Манчестер, 12 април 2025 (МИА) - Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин денеска изјави дека не е сигурен каде ќе ја продолжи кариерата по заминувањето од англискиот клуб и дека неговото семејство е малку исплашено за иднината.

Де Бруин минатата недела објави дека по 10 години ќе го напушти Сити на крајот на сезоната.

Се шпекулира дека 33-годишниот белгиски фудбалер би можел да се пресели во некој од клубовите во САД или во Саудиска Арабија, но по денешниот натпревар и победата против Кристал Палас (5:2) изјави дека се уште не одлучил.

-Тука сум толку долго, моето семејство е тука 10 години, моите деца се родени во Манчестер и се тука цел живот - сега ќе биде малку поинаку за нив. Мислам дека тие се малку исплашени. Засега е непознато бидејќи во овој момент не знаеме што ќе се случи. Но, сакам да уживам играјќи добар фудбал, како денес. Ќе бидам добро. Ако можам да играм фудбал и моето семејство е среќно, добро сум, изјави Де Бруин. дс

Фото: Архива

Остани поврзан