• среда, 20 ноември 2024

Дејли стар: Организаторот на убиството на Сулејмани меѓу жртвите на соборениот авион во Авганистан

Дејли стар: Организаторот на убиството на Сулејмани меѓу жртвите на соборениот авион во Авганистан
Лондон, 28 јануари 2020 (МИА) - Високиот офицер на американската ЦИА, Мајкл Д’Андреа, за кого се смета дека го организирал убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани, наводно загинал во Авганистан, објавија денеска иранските медиуми. Според медиумите, Д’Андреа, кој е познат по прекарот „Ајатолах Мајк“, се наоѓал во американскиот авион што вчера беше соборен од талибанците, објави британскиот весник „Дејли стар“. За него се наведува и дека ја организирал потрагата по лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Меѓутоа, ваквите тврдења засега никој од американските официјални претставници не ги потврдил. Д’Андреа се приклучил на ЦИА во 1979 година, а го добил прекарот „Ајатолах Мајк“ поради своите операции во Иран, Ирак и Авганистан. Се смета дека бил задолжен за антитерористички операции, апсења, дури и за програми за тортура, а весникот „Њујорк тајмс“ во 2017 година објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го именувала за операциите во Иран. Во авганистанската провинција Газни вчера се урна американски авион, за кој талибанците презедоа одговорност дека го собориле, а во него се наоѓале 83 припадници на американската војска. гт/

Остани поврзан