• сабота, 23 ноември 2024

Дејермонд: Не е јасно кои се сегашните воени цели на Русија

Дејермонд: Не е јасно кои се сегашните воени цели на Русија
Лондон, 22 март 2022 (МИА) - Речиси еден месец од почетокот на инвазијата на Украина, не е јасно кои се сегашните воени цели на Русија, изјави Рут Дејермонд, виш предавач на Одделот за воени студии на Кралскиот колеџ во Лондон.
Дејермонд, за Би-Би-Си радио 4, вели дека е јасно дека почетните цели на Русија, како што го претстави претседателот Владимир Путин и другите од неговата администрација, не се исполнети. Според неа, обезбедувањето на копнен мост меѓу Русија и анектираниот Крим е една од главните работи во фокусот на Русија. Сепак, Дејермонд, вели дека проценките на британското министерство за одбрана и другите аналитичари е дека Русија се уште може да се обиде да го нападне главниот град Киев и да ја симне украинската влада. Но, додава „многу е тешко да се види дека тоа го прават во овој момент“. „Секако, секој ден во кој Русија не ги исполнува своите цели е победа за Украина, бидејќи ги нарушува идните капацитети на Русија, го намалува бројот на војници што го има Русија, продолжува да ја стиска руската економија, Русија губи воена опрема и секако, тоа е понижување за Русија“. аа/

Остани поврзан