• сабота, 28 декември 2024

Дејв Чапел закажа добротворен настап за жртвите од Бафало

Дејв Чапел закажа добротворен настап за жртвите од Бафало
Бафало, 8 јуни 2022 (МИА) - Комичарот Дејв Чапел ќе одржи шоу во Бафало в недела за да ѝ возврати на својата заедница која сѐ уште е погодена од масакрот минатиот месец. Сѐ уште неофицијално, сите приходи ќе одат кај семејствата на 10-те жртви и тројцата ранети во расно-мотивираното злосторство од омраза. Билетите веднаш се распродадоа, а Центарот за изведувачки уметности „Шеј“ собира над 3.000 гости. Чапел ги покани и семејствата на жртвите да присуствуваат. На 14 мај, вооружен бел маж возел три часа до супермаркетот „Топс“ во населба населена претежно со црнци, со намера да убие што е можно повеќе црнци, според истражителите. Осомничениот 18-годишник носел воена опрема - панцир и тактички шлем, како и јуришна пушка, па пукал во и вон продавницата. Сите загинати се црнци на возраст 32 - 86 години. Обвинителството го товари осомничениот за домашен тероризам мотивиран од омраза и 10 точки за убиство од прв степен. Портпаролот на Чапел не одговори веднаш за коментар.  си/јт/

Остани поврзан