• среда, 25 декември 2024

Дејвис: Ќе се обидеме против Нексе да одиграме најдобро што можеме

Дејвис: Ќе се обидеме против Нексе да одиграме најдобро што можеме
Скопје, 17 февруари 2022 (МИА) – Ракометарите на Вардар, по вчерашната средба во Франција во Лигата на шампионите и триумфот над Монпелје од 28:25, отпатуваа за Хрватска каде утре треба да го играат натпреварот од СЕХА-Газпром лигата против Нексе. Тренерот Давид Дејвис очекува тежок меч со ривалот кој славеше победа во Скопје. - Очекувам да биде тежок меч во Нашице. Имаме долг пат за да стигнеме од Франција до Хрватска. Секако ни треба малку време и за одмор. Игравме тежок меч, и емоционален и со притисок. Морам прво да видам која ќе биде најдобрата ротација на играчи. Игравме против Нексе веќе во Скопје. Но, тие имаа доволно време за одмор и подготвовка. Ќе видам како ќе функционира екипата. Победата против Монпелје беше добра за тимот, екипата, за сите. Сега сите веруваат повеќе во системот. Ќе направиме најдобро што можеме. Мораме да играме со тактичка дисциплина, и да гледаме да одиграме најдобро, изјави Дејвис. Дуелот во Нашице е закажан за 20 часот. зс/

Остани поврзан