Дејвис куп: Хусеиновиќ го отвора дуелот на македонските тенисери против Кипар
- Во Никозија денеска беа одредени двојките за дуелот од Дејвис купот од Втората светска зона во кој македонските тенисери ќе играат против Кипар.
Никозија, 6 февруари 2026 (МИА) – Во Никозија денеска беа одредени двојките за дуелот од Дејвис купот од Втората светска зона во кој македонските тенисери ќе играат против Кипар.
Во воведниот натпревар за македонската репрезентација ќе настапи Амар Хусеиновиќ, а негов противник, в сабота, ќе биде домашниот тенисер Мелиос Ефстатиу. Во вториот меч од утрешната програма, Стефан Мицов за ривал го има Фотос Фотиадес.
В недела на програмата се три дуели, а ќе стартува со дуелот во парови. За македонскиот тим се пријавени Амар Хусеиновиќ и Стефан Мицов, а за Кипар, Ефстатиу и Елефтериос Неос. Во продолжение се предвидени другите два сингл меча: Мицов – Ефстатиу и Хусеиновиќ – Фотиадес.
Воведните натпревари в сабота и недела стартуваат во 10 часот по македонско време и се играат во два добиени сета. ег
ФОТО: МТФ