Дејвис и Упамекано се вратија во Баерн повредени
- Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен денеска објави дека Канаѓанецот Алфонсо Дејвис ќе биде надвор од терените неколку месеци, додека Французинот Дајот Упамекано ќе отсуствува неколку недели, и двајцата поради повреда.

Минхен, 26 март 2025 (МИА) – Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен денеска објави дека Канаѓанецот Алфонсо Дејвис ќе биде надвор од терените неколку месеци, додека Французинот Дајот Упамекано ќе отсуствува неколку недели, и двајцата поради повреда.
Клубот објави дека Дејвис ги скинал вкрстените лигаменти на десното колено и денеска ќе биде подложен на операција, а неговото опоравување се проценува дека ќе трае неколку месеци.
Упамекано ќе отсуствува неколку недели поради повреда на коленото, соопштија од клубот.
Двајцата играчи се здобија со повреди додека настапува за своите репрезентации за време на репрезентативната пауза.
„За жал, секогаш постои ризик играчите да се вратат од репрезентативни паузи со повреди. Отсуството на Упамекано и Дејство тешко ќе влијае на Баерн, но ние имаме силен тим и ќе ги надоместиме овие отсуства“, изјави членот на управата на Баерн, Макс Еберл. ег
ФОТО: ЕПА