• среда, 25 декември 2024

Дејвид и Викторија Бекам се одмораат на Лопуд, Хрватска

Дејвид и Викторија Бекам се одмораат на Лопуд, Хрватска

Дубровник, 13 јули 2022 (МИА) - Познатата двојка Дејвид и Викторија Бекам неодамна ја прославија 23-годишнината од бракот и решија да си се почестат со романтично патување на остров близу Дубровник, па нивното „идилично сместување“ не мина незабележано.

Поранешниот фудбалер и модната дизајнерка се одмораат со семејството на островот Лопуд, сместени во луксузен комплекс, наречен „Лопуд 1483“ ... Станува збор за поранешен францискански манастир подигнат 1483 година, којшто потоа бил реновиран од грофицата Франеска фон Хабсбург. Денес, ова мирно засолниште е спој од музеј, врвен хотел и духовно одморалиште. Самото место е совршено за оние кои сакаат да се чувствуваат „отсечени од остатокот од светот“. На располагање им се пет приватни апартмани за вкупно 10 гости. Секој од нив има своја бања и извонреден поглед на морето или кон пространи градини со средоземноморско зеленило и автохтона фауна. Внатрешноста вклучува рачно изработени парчиња мебел, потпишани од италијанската дизајнерка Паола Ленти и ренесансна колекција на Тисен-Борнемиза. Ѕидовите се украсени и со современи уметнички дела. Местото нуди и организација на бројни други содржини и настани - ликовни изложби, симпозиуми, вежби и други културно-рекреативни настани. „Лопуд 1483“ се смета за едно од најлуксузните места на Јадранот. Изнајмувањето на целиот луксузен комплекс за 10-мина, е 10.000 евра дневно, додека ноќевање за едно лице, чини околу 1.400 евра.  си/

Остани поврзан