• четврток, 26 декември 2024

Дејвид Гир: Европска Куќа во Битола за младите како идни граѓани на ЕУ

Дејвид Гир: Европска Куќа во Битола за младите како идни граѓани на ЕУ

Битола, 27 февруари 2023 (МИА) - Евроамбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот на Битола Тони Коњановски во присуство на министерката во Министерството за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска потпишаа Меморандум за разбирање за отворање „Куќа на Европа“ во Офицерски дом во Битола.

Со овој проект ние целосно го почитуваме културното наследство и минато на офицерскиот дом кој има уникатен белег, истакна евроамбасадорот Гир на свеченоста во битолскиот Офицерски дом.

- Европска Куќа е место за младите за да се собираат и разговараат за прашања кои се поврзани со идниот правец на земјата кон ЕУ, како и за својата иднина како идни граѓани на Европската унија. Европска Куќа е прозорец низ кој се гледа од двете страни, во два правци. Првиот правец на кој младите може да гледаат е патот кој води до ЕУ, а вториот правец од прозорецот е можноста државите членки на ЕУ да го видат огромното културно наследство што го има државата и градот Битола и да го понудат на европската унија. Со овој проект ние целосно го почитуваме културното наследство и минато на офицерскиот дом кој има уникатен белег и сакаме да го пополниме ова место со млади луѓе, со идеи и дискусии...и затоа граѓаните Европската Куќа треба да ја чувствуваат како своја куќа, како свој дом, посочи амбасадорот Гир.

Министерката во Министерството за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска потсети на историјатот, историската вредност и европската иднина на битолскиот Офицерски дом.

- Офицерски дом пркоси на сите погоди и непогоди кои се случиле во Битола, а во 2016 година пркосеше на продажбата на која што беше ставен како безимен објект, но благодарение на гласот на битолчани тоа беше спречено. Офицерски дом минатата година доби заштита од највисок национален интерес за да може да ја добие грижата која ја заслужува. Затоа чест е што преку концептот Европска Куќа ќе можеме да ги видиме сите убавини кои ќе придонесат за развивање на културната сцена во Општина, нагласи министерката Костадиновска-Стојчевска.

Со денешното потпишување на Меморандумот за разбирање, Битола продолжува европски да се развива посочи градоначалникот Тони Коњановски и додаде дека преку соодветно организираниот простор ќе биде наменет за младите, за средби, дискусии и учења, информирање.

- Продолжуваме со активности кои значат функционалност, одржливост и успешност на еден проект реализиран со финансиска поддршка од европските фондови, а тоа е реконструираниот Офицерски дом. Дополнителна потврда за нашиот ангажман и тенденцијата за овој културно историски споменик да блеска во сиот свој сјај се и податоците на од работењето на КИЦ кој го организира работењето на офицерскиот дом, а кои говорат за реализирани над 400 настани со над 65.000 посетители. Нашата соработка со Делегацијата на ЕУ продолжува со поддршка на повеќе проекти на кои работиме, изјави градоначалникот Коњановски. мт/цр

ФОТО: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан