• среда, 18 декември 2024

Дејан Недев најдобар македонски каратист за 2019 година

Дејан Недев најдобар македонски каратист за 2019 година
Скопје, 5 февруари 2020 (МИА) – Македонската традиционална карате федерација денеска ги избра на најдобрите каратисти за 2019 година. Кај сениорите наградата за најуспешен каратист отиде кај Дејан Недев, кај сениорките за Јадранка Недева. Најдобар клуб е Работнички кој годинава слави јубилеј 50 години постоење, додека најдобар клуб во младинска конкуренција е Шихан од Струмица. Најдобар тренер кај сениорите – Венцислав Недев. Најдобар тренер во младински категории е Атанас Василев. Во конкуренција на младинци/јуниори првото место им припадна на Самет Еседов и Мила Саздова. Најдобар кадет е Ведран Андоновски, кадетка – Антонија Белазелкоска. Награди им беа доделени и на најмалите категории во двете конкуренции. МТКФ за придонес и развој на овој спорт во нашата држава им додели признанија и плакети на: КК Работнички, Даниел Димевски од Владата на РСМ, Владимир Богоевски и Сашо Поповски од МОК, Зоран Михајлов – новинар, ветеранот Ристо Сакалиев и на македонските судии во традиционалното карате Ѓоко Томовски, Антонио Зврцинов, Сашо Спасовски, Љупчо Миленковски, Бојан Богдановски и Берта Милевска. зс/

Остани поврзан