• среда, 18 декември 2024

Дешан: Докажавме дека Франција е сепак одличен тим

Дешан: Докажавме дека Франција е сепак одличен тим
Лисабон, 15 ноември 2020 (МИА) - Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешам го оцени настапот на неговиот тим на натпреварот од Лигата на нации против репрезентацијата на Португалија (1:0). Французите си го обезбедија пласманот на завршниот турнир по оваа победа. - Нашата победа е заслужена. Многу сме задоволни што ја остваривме целта и ја освоивме групата. Многу сум горд на моите фудбалери. Денес докажавме дека репрезентацијата на Франција е сепак одлична екипа. Со оглед на силата на нашиот противник, ова е убедливо еден од нашите најдобри натпревари во последно време. Многу сум среќен за тим кој покажа цврстина и ја докажа својата вредност, го цитира Дешам официјалната веб-страница на УЕФА. На едно коло до крајот Франција го обезбеди првото место во Групата-3 со 13 бода, Португалија е втора со 10, Хрватска и Шведска имаат по 3 бода. зс/

Остани поврзан