• вторник, 24 декември 2024

Дешам пред дуелот со Белгија: Овој натпревар ќе биде дел од историјата

Дешам пред дуелот со Белгија: Овој натпревар ќе биде дел од историјата

Брисел, 14 октомври 2024 (МИА) - Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешам ги сподели своите очекувања од натпреварот со Белгија во 4. коло од Лигата на нации.

- Ќе се соочиме со многу мотивиран белгиски тим. Ова нема да го промени она што се случуваше на претходните натпревари. Не можеме да зборуваме за доминација, тоа не е точно. Истиот контекст, иста група... И овој натпревар ќе стане дел од историјата, изјави Дешам за „RMC Sport“.

Натпреварот ќе се одржи вечер во Брисел со почеток во 20:45 часот.

Во првото коло од А-Лига на нации Група-2, Французите на домашен терен ја совладаа Белгија со 2:0. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан