Децата од Дневниот центар за деца со посебни потреби во посета на Општина Струга
- Градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко денеска ги прими децата од Дневниот центар за деца со посебни потреби.
Струга, 17 декември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко денеска ги прими децата од Дневниот центар за деца со посебни потреби.
- Од децата и нивните негувателки добивме Благодарница за 2024 година и рачни изработки со новогодишни мотиви. Искрено им благодариме на негувателките, кои згрижуваат и негуваат 18 деца, за нивната неуморна, саможртвувана и многу дарежлива работа, соопшти Општина Струга.
Општината, посочуваат, секогаш ја поддржува оваа категорија деца и ќе продолжи, за што обезбедува средства во општинскиот Буџет.
Советот на општината донесе одлука во Буџетот за 2025 година да предвиди средства за отворање нов центар за деца со аутизам. сс/са/
Фото Општина Струга