• недела, 24 ноември 2024

Истражување: Децата на вработените и невработените мајки може да бидат подеднакво среќни

Истражување: Децата на вработените и невработените мајки може да бидат подеднакво среќни

Кембриџ, 29 јуни 2023 (МИА) - Вработените мајки честопати се под стрес поради предубедувањата дека нивните деца не добиваат доволно љубов, грижа и внимание. Според многумина, тешко е да се држи рамнотежа меѓу родителството и кариерата, но науката вели дека децата на вработените мајки всушност може да бидат подеднакво среќни како и оние на мајките кои се невработени, а честопати првите се и поуспешни како возрасни.

Вината, тн. „општествено неодобрување“ и сомнежот во сопствените родителски умешности се чувства со коишто честопати се борат вработените мајки.

Но, испитувањата спроведени од професорката на Бизнис-колеџот на Харвард, Кејтлин Мекгин, покажуваат дека вработеноста на мајката всушност не влијае на среќата на децата. И синовите и ќерките на вработените мајки може да бидат среќни како деца и како возрасни.

Истражувањето на проф. Мекгин, исто така, покажа дека ќерките на мајките кои работат обично во зрелоста и заработуваат повеќе, а имаат и поголема веројатност да бидат вработени на раководни позиции. Испитувањето покажа и дека вработената мајка ѝ дава личен пример на ќерката дека е можно успешно да се спојат кариерата и образованието.

Според наводите, мажите кои пораснале со мајки што работат, трошат 50 минути повеќе неделно помагајќи им на своите сопруги и на грижата за семејството воопшто.

Друга важна точка нагласена во истражувањето е дека оние деца кои растат во семејства каде што се вработени двајцата родители, ги избегнуваат родовите стереотипи. Синовите на вработените мајки најчесто избираат работни партнери и во работата жените се третираат исто како и машките колеги. Од друга страна, ќерките на вработените родители, вообичаено, не им наметнуваат никаква вина на сопствените деца затоа што знаат што значи да се биде дете на вработена мајка и знаат дека всушност е можно да се урамнотежат тие две работи - родителството и кариерата.  си/ми/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан