• среда, 25 декември 2024

Децата на возраст од две до четири години, понекогаш тешко заспиваат

Децата на возраст од две до четири години, понекогаш тешко заспиваат

Скопје, 14 септември 2022 (МИА) - Децата на возраст од две до четири години обично спијат 11 - 12 часа ноќе, при што преку ден преспиваат еден до три часа. Поставувањето време за спиење што е погодно за сите дома и придржувањето до него е одлично за одржување редовна шема на спиење.

Но, децата како да „се програмирани“ тешко да заспиваат кога се преуморни. Советот тука, според познавачите, гласи - придржувајте се кон шемата на малечкото, секогаш кога е можно (секако, ќе има исклучоци) и заспијте го во „неговото“ вообичаено време. Заспивање навреме Додека се пробуваат нови техники за детето да остане будно додека треба - не предоцна, но и не прерано, се работи рутината пред спиење, до колку што е разумно... „Дали сакаш уште една чаша вода?“ - Дајте му. „Дали сакаш други пижами?“ Па мало, но разумно одолговлекување... „Сакаш да му кажеме 'добра ноќ' на мачето?“ - Готово. Дозволете му / ѝ уште една желба - на пр, ако сака уште една страница од детската книга - нека ја слушне, но родителот тука веќе треба да нагласи дека тоа ќе биде последно нешто пред спиење. Кошмарите Сосема е нормално малите на посочената возраст да имаат страв од спиење. Сите, веројатно, еден дел од детството се плашеле од „чудовишето под креветот“ или „во плакарот“. Фантазијата е главно, корисно нешто, па гледајте на тоа како нешто позитивно и нормално. Познавачите велат, охрабрете го детето да зборува за своите стравови, за да се открие што ќе го смири - ноќно светло или брза проверка под креветот. Иако сѐ тоа е по малку страшно во мигот, со доволно прегратки и смирувачки зборови, малечкото наскоро ќе заборави на „чудовиштата“. Поголем кревет Родителите треба да знаат дека оваа возраст - две до четири години, е вистинското време за замена на креветчето со нормално голем кревет. А, при оваа промена, може да биде потребно и мало охрабрување во облик на пофалби дека детето „сега е голем /-а“ и слично. Со цел тоа да го почувствува новиот креветот како веќе негов / нејзин, дозволете му / ѝ да си ги избере постелнината, боите, обликот, текстурата.  си/сд/

Остани поврзан