• сабота, 31 август 2024

Дефиле на противпожарни возила и тактичко-показна вежба за Денот на пожарникарите во Берово

Дефиле на противпожарни возила и тактичко-показна вежба за Денот на пожарникарите во Берово

Берово, 20 мај 2024 (МИА) - Со тактичко-показна вежба, симулација на пожар, Територијалната противпожарна единица од Берово, во соработка со Црвен крст, МВР Берово  и Здравствен дом Берово во Општинското основно училиште „Никола Петров Русински" во село Русиново се одбележаа 20 Мај - Ден на пожарникарите.

Целта на вежбата е запознавање на учениците и вработените, како да реагираат во случај на елементарна непогода, за брза, ефикасна и навремена евакуација и спречување на поголеми катастрофи. 

- Од страна на присутните припадници на ТППЕ – Берово, исто така, беше спроведена обука на вработените во училиштето, како правилно се ракува со противпожарни апарти, информираа од ТППЕ Берово. 

Оттаму упатија благодарност до сите тимови кои дадоа свој придонес за ефикасно реализирање на вежбата.

- Се надеваме дека ваквите вежби ќе бидат од огромна корист во случај на ваква или слична елементарна непогода. Посебна благодарност до тимот на целата деветолетка кои без проблеми го реализираа договореното при реализирањето на тактичко показната вежба, додадоа од ТППЕ Берово.

Честитка до пожарникарите упати и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, кој додаде дека работата на пожарникарите е од непроценливо значење за општеството.

- Граѓаните секогаш со восхит и почит гледаат кон оваа професија и ангажман, кои често пати, се на предизвикот на ризик на сопствениот живот, во борбата да се спаси друг човечки живот или имот. Спротиставувањето на огнената стихија и борбата со пламените јазици, како и побудата да се спаси човечки живот, е благородност и бесценетост и затоа денешниот ден, Ви го посветуваме Вам и Вашата благородна мисија. Ви посакувам многу успех, во извршувањето на вашата  работа и се надевам дека нашата соработка, секогаш ќе резултира со големи работни  успеси. Нека Ви е честит Денот на пожарникарите, 20 ти мај, рече Пекевски.

Одбележувањето на 20 Мај - Ден на пожарникарите заврши со кратко дефиле на противпожарни возила низ улиците на Берово. вс/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан