Дефанзивецот на Арсенал, Вајт повторно се повреди
- Одбранбениот фудбалер на Арсенал, Бен Вајт повторно се повреди. Дваесет и осумгодишниот Англичанец беше заменет во првото полувреме на вчерашниот натпревар против Вулверхемптон во 16. коло од Премиер лигата.
Лондон, 14 декември 2025 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Арсенал, Бен Вајт повторно се повреди. Дваесет и осумгодишниот Англичанец беше заменет во првото полувреме на вчерашниот натпревар против Вулверхемптон во 16. коло од Премиер лигата.
Арсенал победи со 2:1, а Вајт веќе по половина час го напушти теренот.
- Тој не играше многу минути поради претходен проблем со коленото. А кога почна да се враќа во форма, мораше да игра многу бидејќи немавме друго решение, изјави тренерот Микел Артета на прес-конференцијата по натпреварот.
Во сезоната 2025/26, Вајт имаше една асистенција на 11 натпревари во сите натпреварувања. Во сезоната 2024/25, тој пропушти 27 натпревари на Арсенал поради повреда. зс/
Фото: ЕПА