• четврток, 26 декември 2024

Детско инклузивно игралиште отворено во Македонски Брод

Детско инклузивно игралиште отворено во Македонски Брод

Кичево, 15 август 2021 (МИА) - Врз основа на меморандумот за соработка склучен помеѓу Општина Македонски Брод и Националната федерација на фармери, како носител на проектот, деновиве во Македонски Брод завршена е изградбата и предадено во употреба детско инклузивно игралиште со голем број реквизити за забава на најмладите од градот.

- Изградбата на детското игралиште е финансиски подржана од Шведската организација за развој „We Effekt I Radiohjalpen“, а Македонски Брод е една од неколкуте општини во Република Северна Македонија каде се имплементира овој проект. Проектот е донација од јавен интерес за граѓаните и целната група за која е наменета  се лица со попреченост во развојот како и развој на инклузивна култура. Со изградбата на ова детско игралиште помладите жители на градот добиваат уште едно катче за игра и забава, истакна Пецо Стојкоски, секретар на Општина Македонски Брод.за/фф/

Остани поврзан