• петок, 27 септември 2024

Детски карневал во Кавадарци 

Детски карневал во Кавадарци 

Кавадарци, 8 септември 2024 (МИА) - Детски карневал се одржа вечерва во Кавадарци, во склоп на традиционалната стопанско туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“. Како што информираа организаторите на настанот, во детското карневалско дефиле учествуваа  над 1.700 учесници од сите основни општински училишта во Кавадарци. 

- Прекрасни маски продефилираа низ централното градско подрачје, убавини за очи и душа во рамките на „Тиквешки гроздобер 2024", рекоа организаторите на настанот, што беше посетен од голем број луѓе од земјава и странство. 

Вечерва на програмата на манифестацијата се завршните музички настапи, додека изминативе три дена на агендата беа бројни настани за сите генерации.

Над 500 учесници имаше во главното карневалско дефиле синоќа во Кавадарци, од земјава и странство. Градот има вински кралица и крал во рамките на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер". 

- Секоја карневалска група со своја приказна, секоја убава на свој начин. Традиционалниот карневал и оваа година беше со над 500 учесници во 31 карневалска поставка, кои продефилираа низ улиците на Кавадарци, а кралот и кралицата заедно со градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Совет на општина Кавадарци  Стојанчо Рамов и дел од гостите, симболично го откинаа првиот грозд, за многу години, рекоа синоќа организаторите на настанот од кавадаречката локална самоуправа. свд/аа/

Фото : МИА 

Остани поврзан