• среда, 18 декември 2024

Детските лектири најбарани на почетокот на летото во библиотеката ,,Илинден" од Делчево

Детските лектири најбарани на почетокот на летото во библиотеката ,,Илинден

Делчево, 2 јули 2024 (МИА) - Јавната локална библиотека ,,Илинден" од Делчево ги сумира резултатите за литературата која се најмногу се изнајмува во установата. Меѓу најбараните изданија на почетокот на летото е детската литература, која претежно се изнајмува од стрaна на основците, соопшти директорката на библиотеката Билјана Петровска.

-Од лектирите за основно образование најбарана е „Доктор Офболи“. Средношколците во јуни не изнајмиле лектири и за еден месец изнајмена е само една „Тристан и Изолда“. Што се однесува до повозрасните читатели најчитани во месецот што измина беа трилерите и нашите членови нив најмногу ги читаа. Најбарани беа делата на Лаш Кеплер, Фрида Мекфаден и Сејгер Рајли, истакна Петровска.

Меѓу побројните посетители во месец јуни, како што додаде биле и најмалите кои барале сликовници од големиот избор на детска литература.

-Во топлите летни денови, на плажа или дома, нема подобра релаксација од  добра книга. Освежување на сите сетила. Летото е познато по авантурите, патувањата, љубовите и раскажувањата, но не сакаат сите ист тип на литература. Во ЈЛБ „Илинден“-Делчево  има за секого по нешто во кое можете да се изгубите и да им се препуштите на мислите кои ќе го одведат во некои други светови и нечии туѓи животи, додаде Петровска.

Во текот на месец јуни во ЈЛБ „Илинден“ Делчево се направени 16 нови членски карти, а вкупниот број на читатели моментално е 906 членови. вс/сст/

 

Фото: МИА

Остани поврзан