Детскиот парк на „Партизанска“ во Берово доби нови реквизити
- Поставени се нови клацкалки, нишалка и лизгалка, во детскиот парк на улица „Партизанска“ во Берово. Пригодните награди, во овој случај реквизитите што се обезбедени, треба да бидат од корист на сите луѓе од заедницата и да нѐ поттикнуваат кон активното учество во борбата за почиста околина, секојдневна грижа и заштита на животната средина и негување на еколошките вредности, истакнаа од локалната самоуправа.
Берово, 25 јуни 2025 (МИА) - Детскиот парк на улицата „Партизанска“ во Берово доби нови детски реквизити. Тие се донација од Друштво за управување со пакување и отпад од пакување „Пакомак“ ДОО - Скопје, како резултат на победата на Општина Берово на конкурсот за најеко општина, што го објавува компанијата, во соработка со невладината организација „Балкан еко институт“.
- Поставени се нови клацкалки, нишалка и лизгалка, во детскиот парк на улица „Партизанска“ во Берово. Пригодните награди, во овој случај реквизитите што се обезбедени, треба да бидат од корист на сите луѓе од заедницата и да нѐ поттикнуваат кон активното учество во борбата за почиста околина, секојдневна грижа и заштита на животната средина и негување на еколошките вредности, истакнаа од локалната самоуправа.
Благодарност упати и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.
- Благодарност за приматот што ни припадна за еколошка општина и што ни ја доделија титулата за најеко општина. Упатувам порака, до сите деца, да си играат во паркот, да бидат среќни, да се дружат, но и да се грижат, да го чуваат катчето, што е наменето за игра, дружење и здрав развој, додаде Пекевски.
Во партнерство со општествено-одговорните компании, како што додаде, Општина Берово продолжува да создава безбедни и модерни јавни површини со приоритет за чиста и здрава животна средина. вс/бд/
Фото: МИА