• среда, 25 декември 2024

Дест: Чави не беше искрен со мене во Барселона

Дест: Чави не беше искрен со мене во Барселона

Барселона, 14 октомври 2024 (МИА) - Поранешниот дефанзивец на Барселона, Сержињо Дест го критикуваше поранешниот тренер на Каталонците, Чави.

Според фудбалерот, Чави неправилно го користел во неговите тактички формации.

- Нема да кажам дека жалам за моето време во Барселона. На крајот не зависи од мене, не добив доволно шанси под водство на Чави. Се чувствував како да сум ограничен во однос на мојата игра, не бев свој. Сакав повеќе да бидам вклучен во нападот бидејќи ова е мојата најсилна страна, но тренерот ме замоли да не одам погоре. Мислам дека не беше искрен со мене. Имавме неколку разговори каде што ми кажа нешто, а потоа се сомневав дали тоа е вистина. Летото, пред неговиот одмор, ми рече: „Сметам на тебе, не читај што пишуваат во медиумите“. По враќањето ми рече: „Треба да заминеш“, изјави Дест за „Sport.es“.

Дест играше за Барселона од октомври 2020 година. Американецот одигра 72 натпревари за тимот, постигна три гола и направи четири асистенции. 

Во сезоната 2022/23 фудбалерот играше за Милан како позајмен, а потоа сезоната 2023/24 ја помина на позајмица во ПСВ. Во летото 2024 година, холандскиот тим потпиша со дефанзивецот, кој стана слободен агент. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан