• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Десничарите фаворити пред првиот круг од претседателските избори во Романија, но шанси за победа има независниот центристичкиот градоначалник на Букурешт

Десничарите фаворити пред првиот круг од претседателските избори во Романија, но шанси за победа има независниот центристичкиот градоначалник на Букурешт

Букурешт, 17 март 2025 (МИА) - Екстремната десница води во анкетите пред првиот круг од претседателските избори во Романија во мај, што ќе одлучуваат дали земјата ќе остане проевропска.

Истражувањето на „Атласинтел“ (AtlasIntel) покажа и дека центристичкиот градоначалник на Букурешт, Никусор Дан, најверојатно ќе го победи екстремно десничарскиот кандидат кој ќе влезе во вториот круг од изборите.

Претседателските избори во Романија ќе се повторат на 4 и 18 мај, откако Уставниот суд ги поништи првите избори во декември поради обвинувањата за руско мешање во корист на кандидатот на екстремната десница Калин Ѓеорѓеску.

Откако Уставниот суд му забрани учество на повторените избори, во прв план дојдоа екстремните десничари Јоргос Симион и Анамарија Гаврила, кои се договорија еден од нив да се повлече доколку им биде одобрена кандидатурата.

Централната изборна канцеларија ги прифати нивните кандидатури, но се уште не се знае кој од двајцата ќе се повлече.

Симион, лидер на втората по големина партија во земјата - Алијанса за обединување на Романија, и Гаврила, лидер на Младинската партија, го поддржаа Ѓеорѓеску.

Истражувањето на „Атласинтел“, спроведено од 13 до 15 март и објавено денеска на порталот hotnews.ro, покажа дека кандидатите на крајната десница ќе добијат најмногу гласови во првиот круг од изборите.

Романците излегоа на улиците за да покажат поддршка за ЕУ ​​поради изборните тензии

Симион доколку е кандидат би добил 30,4 отсто од гласовите, а Гаврила 30,2 отсто.

Но, градоначалникот на Букурешт Дан, кој е независен кандидат, најверојатно би победил во вториот круг од изборите, според истражувањето.

Романските екстремно десничарски партии се генерално проруски настроени во надворешнополитичките прашања и се противат на воената помош за Украина.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан