• недела, 24 ноември 2024

Десислава Ахладова е новиот министер за правда во Бугарија

Десислава Ахладова е новиот министер за правда во Бугарија
Софија, 3 септември 2020 (МИА) - Бугарскиот Парламентот гласаше за оставка на министерот за правда Данаил Кирилов и го одобри предлогот функцијата да ја врши неговата сегашна заменичка Десислава Ахладова, јави БГНЕС.

Кирилов најави дека ќе се повлече од функцијата на 26 август по разговорите со премиерот Бојко Борисов.

Кандидатурата на Ахладова ја претстави вицепремиерката Екатерина Захариева, а веднаш по гласањето, новата министерка положи заклетва од собраниската говорница. паг/  

Остани поврзан