• сабота, 23 ноември 2024

Десет рудари повредени во рудник за јаглен во Полска, се трага по уште десетици

Десет рудари повредени во рудник за јаглен во Полска, се трага по уште десетици

Варшава, 11 јули 2024 (МИА) – Десет рудари се повредени по земјотрес во рудникот за јаглен Ридултови, во јужна Полска, а по десетици други се трага, соопштија денеска локалните власти.

Се уште не е утврдена причината за земјотресот, што се случи на длабочина од 1.200 метри утринава околу 8 часот.

Официјалните лица соопштија дека во тоа време во окното на рудникот имало 68 рудари.

На површина излегле 15, од кои 10 се повредени и хоспитализирани.

Болницата во блискиот град Катовице извести дека сите се во стабилна состојба.

Рудникот е отворен во 1792 година и вработува околу 2.000 рудари.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан