• вторник, 12 ноември 2024

Десет милиони денари ќе се инвестираат во нови тротоари во Штип

Десет милиони денари ќе се инвестираат во нови тротоари во Штип

Штип, 18 април 2023 (МИА) - Почна уредувањето на тротоарите на улица Сутјеска во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска беше на увид во градежните активности, каде што истакна дека по долги години и жителите од овој дел од градот ќе добијат тротоар и место за движење. Забележа  дека ова се прави по барање на граѓаните. Издвоени се нешто над еден милион денари од буџетот на општината.

-По завршувањето на едната страна на тротоарската површина на улица Сутјеска ќе продолжиме со третирање на спротивната страна сѐ со цел оваа улица да биде побезбедна за пешаците. Ова е барање на жителите од оваа улица, неколкупати до сега доставија барање до нас дека има потреба да се истретираат и да се истретираат овие површини, рече  Јорданов.

Најави дека освен на улица Сутејска“ тротоари ќе добијат и низа други улици во Штип. Десет милиони денари се издвоени годинава  за уредување на тротоарни површини во населбите Сењак, Пребег, Баби, Осми Ноември.

-Тротоарот во населба Осми Ноември, на улица „ЈНА“ на „Енгелсова“, исто така во населба Сењак, на улица Борис КрајгерПартизанска, тротоарски површини на улица Лески во населба Баби. Во населбата Пребег ќе продолжиме со реконструкција на постоечките тротоарски површини во вкупен износ од 10 милиони денари, пари од Буџетот на Општина Штип, вели Јорандов.  вдј/дма/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан