Десет македонски натпреварувачи викендов на традиционалниот турнир „Словенија Опен“ во џиу џицу
- Македонската репрезентација во џиу џицу, составена од осум натпреварувачи и двајца тренери, викендов ќе учествува на 20 издание на традиционалниот Меѓународен турнир „Словенија Опен“.

Скопје, 27 февруари 2025 (МИА) – Македонската репрезентација во џиу џицу, составена од осум натпреварувачи и двајца тренери, викендов ќе учествува на 20 издание на традиционалниот Меѓународен турнир „Словенија Опен“.
На турнирот во Марибор се пријавени околу 500 борци од 11 држави.
Во рамки на „Словенија Опен“, како што соопшти македонската џиу џиџа федерација, ќе се одржи и првото коло од „Јадранската лига“ во која Македонија со својата сениорска екипа од самото основање е учесник.
Македонија лани го освои третото место. ег
ФОТО: Фејсбук