• недела, 17 ноември 2024

Десет лица загинаа во експлозија на нагазни мини во централна Сирија

Десет лица загинаа во експлозија на нагазни мини во централна Сирија
Дамаск, 27 февруари 2023 (МИА) - Десет лица загинаа, а 12 се ранети откако денеска експлодираа нагазни мини поставени од групата „Исламска држава“ во централна Сирија на две различни локации, јавија државните медиуми.

Жртвите се собирачи на тартуфи.

Двете мини експлодираа источно од централниот град Саламија. Сите повредени се пренесени во локалната болница, јави сириската државна новинска агенција САНА.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата. Често се случува мините, поставени пред повеќе години кога Исламска држава контролираше големи делови од Сирија, да се активираат ненамерно, обично кога некој ќе ги згази.

Исламска држава беше потисната во 2019 година од териториите што ги окупираше во Сирија и соседен Ирак, но милитантите оставија зад себе безброј нагазни мини и мински стапици кои допрва треба да бидат деактивирани и отстранети.

Во првата експлозија денеска загинаа девет лица, а двајца се повредени. Во втората експлозија загина едно лице, а десет се повредени. паг/

 

Остани поврзан