• среда, 01 април 2026

Десет европски земји и ЕУ повикаа на заштита на мировниците на УНИФИЛ

Десет европски земји и ЕУ повикаа на заштита на мировниците на УНИФИЛ

Њујорк, 31 март 2026 (МИА) - Десет европски земји и Европската Унија денеска повикаа да се гарантира „безбедноста и сигурноста“ на мировните сили на ОН (УНИФИЛ) во Либан, по смртта на тројца мировници во последните денови.

„Бараме од сите страни, во сите околности, да ја гарантираат сигурноста и безбедноста на персоналот и објектите на УНИФИЛ“, се наведува во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на Белгија, Кипар, Хрватска, Франција, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Велика Британија, како и на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Во меѓувреме, првичните резултати од истрагата за смртта на двајца индонезиски мировници во јужен Либан покажуваат дека дошло до експлозија на патот по кој се движел нивниот конвој, изјави шефот на УНИФИЛ, Жан-Пјер Лакроа.

„УНИФИЛ спроведува истрага за да ги утврди околностите околу овие осудувачки настани“, изјави Лакроа на сослушување во Обединетите нации за состојбата во Либан, каде на 2 март избувна нова војна меѓу Израел и либанската вооружена група Хезболах.

Израелскиот постојан претставник во ОН, Дани Данон, ја обвини Хезболах за смртта на мировниците во близина на Бани Хајан и побара УНИФИЛ да ги сподели доказите со израелскиот истражен тим.

Данон изјави дека Хезболах испукува ракети од цивилна инфраструктура во населени места во близина на позиции на ОН, „со што ги става мировниците директно на линијата на огнот“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан