Десет деца загинаа во израелски напад во безбедна зона во Газа
Рафа, 4 јануари 2024 (МИА) - Во израелски напад на југот на Појасот Газа, во област која израелската армија ја прогласи за безбедна зона, според извори блиски до палестинската болница, загинаа 12 лица, главно деца.
Погодена е куќа во Муваси, мала рурална област во јужниот дел на Газа долж брегот на Средоземното Море.
Израелската армија соопшти дека Палестинци можат да се засолнат таму од зоната на конфликтот.
Во експлозијата загинаа маж и неговата сопруга, седум од нивните деца и три други деца, на возраст од пет до 14 години, според списокот на загинатите чии тела се пренесени во болницата Насер во Кан Јунис.
Војската не го коментираше нападот. зш/