• недела, 01 септември 2024

Десет грчки пристаништа на меѓународен тендер за концесија

Десет грчки пристаништа на меѓународен тендер за концесија
Атина, 9 јануари 2020 (МИА) - Грција оваа година ќе распише меѓународен тендер за концесија на десет големи регионални пристаништа, изјави грчкиот министер за морска пловидба и островска политика Јанис Плакиотакис на средбата со претставници на Унијата на сопственици на бродови за крстарење. Промени во управувањето со пристаништата ќе бидат воведени во 2020 година, бидејќи сегашниот модел не дозволува целосна искористеност на капацитетот на секое од нив. Ќе бидат распишани тендери за концесија на 10 од големите пристаништа, вклучувајќи ги и оние кадешто впловуваат крузери. Плакиотакис најави и создавање на национална стратегија за крузери, а соопшти и за новата инфраструктура во пристаништето Пиреја, но и за финансирањето на 39 пристаништа. Програмата на државната инвестиција изнесува 4,4 милијарди евра. Според податоците на Асоцијацијата на грчките пристаништа, 2019 година била најуспешната за туристичките патувања со брод во Грција. Пристаништата во земјата биле посетени од 3.899 бродови и повеќе од 5,5 милиони туристи. гт/

Остани поврзан