• вторник, 24 декември 2024

Десет години од првата европска титула на Дејан Недев

Десет години од првата европска титула на Дејан Недев
Скопје, 16 ноември 2021 (МИА) - На денешен ден пред точно 10 години, Дејан Недев ја освои првата европска титула во традиционално карате во најтешката дисциплина (борби-кумите) во сениорска конкуренција, на 30. ЕТКФ Европски шампионат во Ерусалим, Израел. - Овој историски резултат ќе остане засекогаш запаметен бидејќи е прв златен медал во историјата освоен на едно вакво големо европско натпреварување. Дејан Недев во финалето успеа да го победи Роман Лукианетс од Украина, а предходно ги победи преставниците на Полска, Кипар, Литванија и Романија. По овој резултат Дејан Недев се стекна со највисокото Национално спортско признание што му го додели нашата држава, информираат од МТКФ. Дејан Недев и ден денес е активен спортист, натпреварувач и тренер кој пред две недели во Белград на 35. ЕТКФ Европски шампионат ја освои осмата европска титула по ред во дисциплината кати поединечно. зс/

Остани поврзан