• среда, 25 декември 2024

Десетто Вимблдон финале за Ѓоковиќ

Десетто Вимблдон финале за Ѓоковиќ

 

Лондон, 12 јули 2024 (МИА) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон, откако вечерва во Лондон во три сета го совлада Италијанецот Лоренцо Музети со 6:4, 7:6(2), 6:4.

Вториот тенисер во светот до победата над 25. на АТП листата дојде по два часа и 51 минута игра.

За Ѓоковиќ ова е десетто финале на Вимблдон во кариерата.

Во финалето кое ќе се игра в недела, Ѓоковиќ ќе игра против третопласираниот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз.

Српскиот тенисер ќе се обиде да дојде до 25. грен слем титула во кариерата, а осма на Вимблдон. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан