• недела, 24 ноември 2024

Десантис: Нема да дозволиме луѓето во Флорида да бидат цел на расистички напади 

Десантис: Нема да дозволиме луѓето во Флорида да бидат цел на расистички напади 

Вашингтон, 28 август 2023 (МИА) - Рон Десантис, гувернер на Флорида синоќа на бдеење по повод расистичките убиства во Џексонвил изјави дека државата ќе издвои повеќе пари за безбедност во универзитетот во чија близина се случија убиствата. 

Во пукањето во саботата во продавница во Џексонвил, Флорида недалку од универзитетот „Едвард Ватерс“, прва афроамериканска установа за високо образование вo оваа држава, загинаа двајца мажи и една жена. 

Властите изјавија дека белец на возраст од 29 години намерно стрелал во Афроамериканците. 

-Тоа што тој го стори е целосно неприфатливо во државата Флорида. Нема да дозволиме луѓето да бидат напаѓани врз основа на нивната раса, изјави Десантис.  

Гувернерот Десантис, кој е учесник во трката за претседателски кандидат кај републиканците, во текот на своето гувернерство ги олабави законите за поседување оружје во Флорида и спроведуваше десничарска агенда на правење раскол меѓу либералните и екстремистичките слоеви во оваа држава. 

Некои луѓе во толпата го исвиркаа гувернерот и извикуваа „тој беше расист“, алудирајќи на напаѓачот, јавија локалните медиуми. Некои од толпата аплаудираа. 

Шерифот Тејкеј Ватерс ги идентфикуваше убиените како Ангела Мајкл Кар (52), која била застрелана во својата кола на паркингог; вработениот во продавницата Ејџи Лагер (19), кој бил убиен додека се обидел да избега, и купувачот Џералд Галион (29), кој бил убиен при влез во продавницата, лоцирана во претежно афроамериканско соседство.  

Според истрагата, напаѓачот Рајан Палметер, кој се самоубил на околу 11 минути по почетокот на нападот пред да дојде полицијата, употребил легално купено оружје и покрај тоа што имал историја на здравствени проблеми и според докторски упат требал да изврши доброволен психолошки преглед. кб/сд/ 

фото:МИА архива 

Остани поврзан