• среда, 18 декември 2024

Дерек Шоле назначен за потсекретар за политика во Министерството за одбрана на САД

Дерек Шоле назначен за потсекретар за политика во Министерството за одбрана на САД

Вашингтон, 25 јули 2023 (МИА) – Специјалниот советник во американскиот Стејт департмент Дерек Шоле е назначен на позицијата потсекретар за политика во Министерството за одбрана, соопшти вечерва шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен.

- Честитки за мојот пријател за номинацијата. Дерек беше клучен член и лидер на мојот тим. Потврдата на неговата номинација ќе биде голема добивка за Секретаријатот за одбрана. Нашата нација ќе има голема корист од неговата посветена работа, напиша Блинкен на Твитер.

Шоле истакна дека му било чест да работи со Блинкен и тимот во Стејт департментот. јт/

Остани поврзан