• петок, 27 декември 2024

Деребан: Се грижиме за ранливите категории граѓани, и на сите  да им обезбедиме соодветни независни и непристрасни судски механизми

Деребан: Се грижиме за ранливите категории граѓани, и на сите  да им обезбедиме соодветни независни и непристрасни судски механизми

Скопје, 8 октомври 2024 (МИА) - Заменик министерот за правда Ален Деребан се обратил на 15-от состанок на Националното координативно тело за бесплатна правна помош организиран од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

Осврнувајќи се на активностите на  Министерството за правда, Деребан посочил дека од големо значење е обезбедувањето на пристап до правдата за сите, преку давање на примарна и секундарна бесплатна правна помош на сите тие кои не можат тоа да си го дозволат.

- Оваа алатка е на располагање на најранливите категории граѓани, оние кои ги исполнуваат условите имаат можност државата да им ги плати сите трошоци во судските постапки.  Тоа опфаќа адвокат, трошоци за вештачења, а ќе бидат ослободени и од плаќање на судски такси.  Преку системот на бесплатна правна помош нудиме заштита на човековите права, а со тоа и ја гарантираме еднаквоста меѓу луѓето во правниот поредок.  Од досегашната пракса можеме да констатираме дека најмногу барања за бесплатна правна помош има од областа на семејното право како што се бракоразводни парници, старателство врз деца, оставински постапки, имотни , работни спорови, должничко -доверителски односи за прашања од пензиско и инвалидско осигурување, за застапување на жртви од семејно насилство, за спорови со осигурителни компании, истакнал Деребан.

Националното координативно тело за бесплатна правна помош кое е воспоставено и поддржано од Советот на Европа е успешен механизам кој овозможува континуирана координација и комуникација помеѓу главните чинители кои даваат бесплатната правна помош, како што се: Министерството, здруженијата на граѓани, правните клиники и адвокатите и кое од 2020 година.

Министерството, имајќи ги предвид заклучоците од националното координативно тело ги предложи измените на Законот за бесплатна правна помош за усогласување со Законот за вештачење кои во текот на месец септември беа донесени во Собранието на Република Северна Македонија.

-Наша обврска е на сите граѓани да им обезбедиме соодветни независни и непристрасни судски механизми.Со ова на граѓаните кои се во тешка финансиска состојба ќе им се овозможи да добијат правна помош од адвокат и фер судење. На овој начин покажуваме дека се грижиме за ранливите категории граѓани, потенцирал Деребан. дма/са/

Фото: Министерство за првда

Остани поврзан