• сабота, 23 ноември 2024

„Дервенци“ низ Велес собираа габаритен отпад и градежен шут

„Дервенци“ низ Велес собираа габаритен отпад и градежен шут

Велес, 25 мај 2022 (МИА) - Вработените од Секторот Комунална хигиена ЈКП „Дервен“ вчера собираа габаритен отпад и градежен шут низ градот, што несовесни граѓани го оставиле на местата определени за комунален смет, информираат денеска од ЈКП„Дервен“.

-Апелираме до граѓаните кои имаат потреба за изнесување на габаритен отпад претходно да договорат термин за собирање на отпадот (на тел. 043/233-768 - Сектор Комунална хигиена) и да не го изнесуваат габаритниот отпад додека не се утврди термин за собирање, за да се избегне грдата слика на габаритен отпад по улиците, потенцираат од ЈКП„Дервен“.

Воедно потенцираат дека возилото за собирање на комунален смет не е наменето за товарање на габаритен отпад, и таквиот вид отпад нема да биде собран при редовното собирање на отпадот од домаќинствата.

Тие информираат дека градежниот шут е потребно да се транспортира на депонијата за градежен шут (спроти магацинот на ЈКП Дервен) и никако не смее  да се остава на местата определени за одложување на комунален смет. ад/дма/

Остани поврзан