• четврток, 26 декември 2024

Депај за промашениот пенал: Поради ова ремито со Полска ми изгледа како пораз

Депај за промашениот пенал: Поради ова ремито со Полска ми изгледа како пораз
Ротердам, 12 јуни 2022 (МИА) - Холандскиот фудбалер Мемфис Депај е разочаран од натпреварот во Лигата на нации против Полска (2:2). Напаѓачот не реализираше пенал во финишот на средбата и пропушти можност да донесе победа на „лалињата“. - Поминувам многу време на тренинзи во изведување пенали и често топката влегува во голот, но, за жал, тоа не се случи денес. Жал ми е, но и ова се случува. Останува уште еден чекор до победата, а потоа грешиш. Поради ова, ремито ми изгледа како пораз, изјави Депај. Холанѓаните губеа во текот на натпреварот со резултат 0:2, но успеаја да го израмнат резултатот. Дополнително, на крајот од средбата домашните добија право на пенал, но Мемфис Депај промаши од 11 метри. Холандија има седум бодови и е на првото место во групата 4. Полска останува на третото место со четири бода. зс/

Остани поврзан